Фудбалерот на бразилскиот клуб Сантос, Виктор Фераз цела недела добиваше критики од фановите за желбата за заминување од клубот, но по неверојатниот меч против Итуано тој доби само аплаузи.
30-годишниот Фераз се повреди при крајот на мечот, додека губеа со 1:0, откако го дислоцираше рамото. Сепак, тој доби медицинска помош и се врати на теренот откако тренерот на Сантос веќе ги имаше направено сите три замени.
Сантос во судиското надополнување постигна гол и израмни на 1:1.