Кристијан Ериксен уште еднаш повтори дека направил вистинска одлука што се приклучил на Интер од Тотенхем, но ги предупреди гледачите на Серија А дека уште не го виделе „вистинскиот Ериксен“.
Промената на тактиката на Антонио Конте, конечно му даде шанса на Данецот да го покаже својот талент и во првите два меча по паузата поради корона вирусот, тој има еден гол и една асистенција.
„Мислам дека уште не сте го виделе вистинскиот Ериксен. Можам да бидам многу подобар и сакам повеќе голови. Дадов гол против Наполи, но тоа не му помогна на тимот, така што не беше многу важен гол. Работите стануваат подобри и уште еднаш ќе повторам дека беше вистинска одлука што дојдов тука. Ми посакаа добредојде и фановите и соиграчите. Горд сум што Интер ме сакаше и не сум разочаран од тоа што се одвива во моментов“, вели Ериксен.