По откажувањето на финалето на „Адрија турнејата“, тенискиот турнир на Новак Ѓоковиќ во Задар, Хрватска по позитивните тестови на корона вирус на тенисерите Григор Димитров и Борна Чориќ, доаѓа веста дека едно петгодишно дете е заразено од контактот со тенисерите.
Алан Медиќ, одговорниот на епидемиолошката клиника во Задар, вели дека се направени 50 тестови денеска, и дека е заразено едно петгодишно дете, јавува „Дневник.хр“. Детето за среќа нема симптоми и е во изолација со своите родители.
Според „Индекс“, детето било во директен контакт со тенисерите, бидејќи се работи за внукот на сопственикот на ресторанот „Нико“ во Задар, каде што се забавуваа тенисерите.