Top Sport

Соријано се врати по паузата од три години

Легендата на Вилјареал Бруно Соријано синоќа по пауза од три години се врати на фудбалските терени. 36 годишниот фудбалер претходно последен пат играше во мај 2017 година.

Вилјареал во дербито на колото одигра 2:2 со Севилја, но најзначајниот момент на мечот се случи во 88 минута кога на теренот влезе Бруно Соријано.

Играчот кој дебитираше во 2006 година целата кариера ја игра во жолтиот дрес. Изминатите три години поради повредите ги мина на рехабилитација.

„Нема да лажам неколку пати размислував да се откажам и да ја завршам кариерата. Беше тешко но успеав да се вратам. Многу сум среќен што повторно играм, во тие пет минути колку што бев на теренот се обидов да дадам се од себе“, рекол Соријано по натпреварот.

Scroll to Top