Младиот играч на Манчестер јунајтед, Скот Мектоминеј доби нов договор со англискиот гигант, со кој ќе остане на „Олд Трафорд“ најмалку до 2021 година, со опција за уште една година.
20-годишниот играч од средниот ред дебитираше во тимот на Жозе Мурињо на крајот на сезоната 2016/17 против Арсенал, додека го имаше првиот европски меч против Бенфика во ЛШ во средата.
„Пораснав со овој голем клуб кој е голем дел од мојот живот. Од мојата петта година сум во развојниот центар на Јунајтед во Престон. Ова е остварување на мојот сон и благодарам за довербата која ми е укажана“, изјави Мектоминеј.
Бидејќи Пол Погба, Мајкл Керик и Маруан Фелаини се повредени, Мектоминеј може да добие неочекувана шанса веќе во сабота во дуелот со Хадерсфилд.
A new #MUFC contract for @McTominay10! Get all the details: https://t.co/DMtTOcssLm pic.twitter.com/KpvKWPT5Bp
— Manchester United (@ManUtd) October 20, 2017