Top Sport

„Црната  мамба“ во посета на принцовите

Коби Брајант имаше шанси да добие одличен пречек и да го објасни својот „мамба менталитет“ на играчите на Пари Сен-Жермен, вклучувајќи го најскапиот играч на светот, Нејмар.

Петкратниот НБА-шампион со Лос Анџелес лејкерс има доста слободно време откако се повлече од спортот по 20-годишна кариера, така што имаше доволно време за посета на тренинг-центарот н а ПСЖ, каде што зборуваше со играчите и имаше шанси да се додава со топка со 18-годишниот Килијан Мбапе.

„Ова не е првпат да сум во Париз, бидејќи повеќе пати сум бил тука. Но, во овој дел од годината обично играв, така што сега имав доволно време за други работи.  Бев заинтересиран како тренираат, и кој е процесот. Навистина сум импресиониран од тоа што го видов“, вели Брајант.

ПСЖ подолго време соработува со НБА ѕвездите, откако во јуни на „Паркот на принцовите“ на посета дојде Карл-Ентони Таунс од Минесота, Стивен Кари од Голден Стејт го стартуваше мечот против Сент-Етјен, додека поранешната НБА ѕвезда, Гери Пејтон беше гостин на мечот со Лион.

Scroll to Top