Португалскиот фудбалски ас, Кристијано Роналдо е во лоши односи со тренерот на Јуве, Маурицио Сари. Во Куп полуфиналето против Милан, Роналдо играше како централен напаѓач, па речиси и да не ја допре топката. Затоа, во финалето со Наполи не сакаше повторно да игра на истата позиција.
Сари по мечот изјави дека сакал Роналдо повторно да го води нападот, но дека Португалецот заедно со Дибала и Кошта се договориле поинаку.
И по мечот со Болоња, победа од 2-0 за залечување на раните, Роналдо се пожали дека нема доволно топки за него. Сари му реплицираше дека нема време за жалби и поплаки, па тука на сцена во улога на миротворец стапи искусниот Џиџи Буфон.
Голманот разговарал со Роналдо. Му рекол дека „соблекувалната“ и понатаму смета дека Португалецот е посебен, дека тој е најдобриот светски играч во оментов, но дека сепак никакви отстапки не се дозволени.
Буфон од Роналдо побарал да ја „спушти топката“ и да работи уште повеќе.
На тој начин по се згледа успеале да ја надминат кризата.