Top Sport

Пети удри по „топчиите“: Давид Луис не е вистински фудбалер веќе 3 години!

Поранешниот англиски шампион кој на титулата чека цели 16 години – Арсенал – со своите потези сериозно разочара некои од поранешните играчи на клубот.

Екс францускиот фудбалер, Емануел Пети дресот на „топчиите“ од Лондон го носеше 3 сезони и тоа токму кога пулените на Арсен Венгер беа во зенитот. Освои двојна круна во сезоната 1997/98, но и тој е свесен колку сега Арсенал е далеку од тоа достигнување.

Пети е сериозно изнервиран што Арсенал му го продолжи договорот на дефанзивецот Давид Луис кој директно „кумуваше“ во поразот од 2-1 на својот тим на мечот со Брајтон.

„Давид Луис не е вистински фудбалер веќе 3 години. Но не сум изненаден што Арсенал му даде нов договор, затоа се навикнав на такви потези на клубот. Да бидам искрен, ова е шега. Најдете некои вистински дефанзивци. Ми велите дека нема млади и талентирани дефанзивци на пазарот? Не го разбирам тоа“ – изјави Пети.

Тој смета дека работите се многу полоши за разлика од последните години кога Венгер беше на кормилото.

„Која е поентата да сте еден од најбогатите клубови во светот ако немате визија? Арсенал изгледа како просечен тим, без дух, без гордост. Тој тим нема лидер, никој нема карактер. Сите се обидуваат да ја избегнат одговорноста“ смета Французинот.

Арсенал, зачудувачки, му го продолжија договорот на Давид Луиз

Scroll to Top