Селта Виго се помалку треба да се грижи за одржување на прволигашкиот статус, барем додека го има во составот капитенот Јаго Аспас.
Паузата која настана поради пандемијата на коронавирусот негативно влијаеше на Реал Сосиедад. Тимот кој пред 3 месеци беше на место кое води во ЛШ, сега по денешниот 12-ти пораз во првенството е на седмата позиција.
Единствениот гол за Селта на гостувањето во Сан Себастијан, Аспас го постигна од белата точка, во 45 минута.
Со истиот резултат гостински триумф славеше и Осасуна кај Депортиво Алавес. Стрелец за голот вреден 3 бода за екипата од Памплона беше Лато во 64 минута.