Top Sport

Ливерпул го „згази“ Палас и стигна на 2 бода до титула (видео)

Фудбалерите на Ливерпул вечерва без поголеми проблеми, на празниот „Енфилд“ стигнаа до победа против екипата на Кристал Палас во рамки на 31 коло во Премиерлигата. По истекот на 90-те минути на семафорот стоеше 4-0.

Рано, уште во 23 минута домашните го отворија резултатот. Стрелец на прекрасен погодок од слободен удар од 25 метри беше дефанзивецот Александер Арнолд.

На 2-0 се чекаше до 44 минута кога Салах, по асистенција на Фабињо го дуплираше водството на „црвените“. Тоа беше резултатот од првиот дел.

Во вторите 45 минути сличен развој на настаните.

Се играше 55 минута кога Фабињо покрај асистенцијата од првиот дел, своето име го запиша и во листата на стрелците, за 3-0.

Четвртиот гол за убедливо водство на лидерот на табелата беше дело на Садио Мане во 69 минута.

Статистиката на поседот на топката во 77 минута изнесуваше 71 наспротив 29 во корист на фаворитот.

По денешниот меч, Ливерпул го делат само уште 2 бода до титулата која навивачите ја чекаат цели 30 години.

Палас по поразот останува на 9 позиција во ПЛ.

Scroll to Top