Фудбалерите на Барселона, во неделата, на „мускули“ го победија Алавес (2:1), а општиот впечаток е дека гостите од Виторија во финишот на мечот требаа да добијат пенал по играњето на Умтити со рака пред својот гол.
Одлуката на главниот судија, кој претходно и подари на Барселона слободен удар од кој Меси погоди за 2:1, повотрно ја покрена полемиката за пеналите мои се судат за и против Барселона.
Умтити по мечот призна дека играч со рака, но пенал против Барселона не беше досуден.
Последен пат во домашниот шампионат пенал против Барселона бил доседен пред 74 натпревари, поточно на 14.февруари 2016 година кога на „Ноу Камп“ Барса ја декласира Селта 6:1. Голот од пенал за Селта го постигна Џон Гвидети, кој беше стрелец на голот за Алавес во неделата.
Интересно од тој 14. февруари 2016 година, во шпанскиот шампионат биле досудени 219 пенали од кои 32 за Барселона, а ниту еден против Каталонците.