Top Sport

Алонсо ќе се трка на 24 часа Ле Ман

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, ќе учествува на легендарната трка „24 часа Ле Ман“ и на ФИА Светското првенство во издрждливост, каде ќе вози Тојота.

Дека 36-годишниот Шпанец ќе вози на легендарната трка во ле Ман потврди и неговиот тим Мекларен.

Алонсо во минатото најави дека има намера да ја освои тројната куна во мотоспортот, која досега ја освоил само Британецот Греем Хил, а која подразбира победи на тркита Индијанаполис 500, 24 часа Ле Ман и на Големата награда на Монако во Формула 1.

„Никогаш не сум го криел својот став по ова прашање. Тројната круна во мотоспортот е она што сакам да го освојам. Минатата година се обидевме на Инди 500, бевме блиску но ен успеавме. Оваа година благодарение и на Мекларен ќе имам можност да возам во Ле Ман. Ова е голем предизвик, многу работи можат да тргнат во погрешна насока, но јас сум подготвен и со нетрпение ја очекувам трката“, рекол Алонсо.

Шпанецот на 27 и 28 јануари учествуваше на трката 24 часа Дејтона, каде во тимот на Јунајтед Мотоспорт го освои 23.место. По оваа трка тој договори соработка со Тојота, а планот е да учествува во што е можно повеќе трки во Светското првенство на издржливост.

Сепак тој нема да се откаже од Формула 1, член е на Мекларен и трките во Ф1 ќе му бидат приоритет.

Трката „24 часа Ле ман“ ќе се вози во Франција на 16 и 17 јуни.

Scroll to Top