Американската тркачка Џеси Комбс постхумно го доби светскиот рекорд на земја за обидот од 2019 година во кој го загуби животот.
Комбс, која покрај тоа што беше легенда на тркањето беше и ѕвезда на популарното ТВ-шоу „Mythbusters“, загина на 39 години во пустината Алворд, Орегон минатиот август, кога на нејзиниот автомобил опремен со млазен мотор му откажа предното тркало наводно поради удар во објект.
Таа постави максимална брзина од 522.783 милији на час (841.338 км/ч), и „Гинисовата книга на рекорди“ сега го потврди ова како светски рекорд. Претходно рекордот беше 510.710 милји на час поставен од Кити О’Нил во 1976 година на истото место.
Комбс и пред смртта беше позната како „Најбрзата жена на четири тркала“, откако постави рекорд на четири тркала во 2013 од 398 милји на час (640 км/ч).