Менаџерот на Доминик Тим, Хервинг Страка вели дека организаторите на „Адрија турнејата“ на Новак Ѓоковиќ тврделе дека ќе има само по 1.000 гледачи на стадионите и дека ќе се практицира социјално дистанцирање по фијаското со заразата со корона вирусо на Ѓоковиќ, Григор Димитров, Борна Чориќ и Виктор Троицки.
Тим победи на првата станица на „Адрија турнејата“ во Белград на 14 јуни, но не учествуваше на вториот турнир во Задар, бидејќи имаше закажано настап на академијата на Патрик Муратоглу во Париз.
„Два дена пред турнирот ни кажаа дека ќе има максимум 1.000 навивачи, и дека ќе има социјално дистанцирање, но не се придржуваа кон тоа. Единствен кој треба да жали е Ѓоковиќ бидејќи тој беше организатор“, вели Страка во интервју за австрискиот весник „Дер стандард“.
Remarkable stance: “The only one who needs to be sorry is Djokovic, because he initiated all of it. The others were only there and didn’t kill anyone.”
— Lukas Zahrer (@ZahrerLukas) June 25, 2020
Со свој коментар се јави и Георги Стоименов, менаџерот на Григор Димитров откако таткото на Ѓоковиќ, Срѓан Ѓоковиќ го обвини бугарскиот тенисер дека одбивал тестирање и дека го уништил угледот на неговото семејство и на Хрватска и Србија.
„Григор пристигна во Белград по три месеци целосна изолација. Ниту во Белград, ниту во Задар никој не му понуди да биде тестиран на корона вирус. Организаторите на турнирот се одговорни за безбедноста на сите кои учествуваат. Григор само ги почитуваше мерките кои беа поставени“, изјави Стоименов.
Grigor Dimitrov Manager: pic.twitter.com/y0rch70Cvp
— ???Daniel Djenev (@dido404) June 24, 2020