Вардар и официјално не доби лиценца за настап во европските купови, потврди Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), со што најтрофејниот македонски клуб нема да може да настапи во квалификациите на Лигата на шампиони.
ФФМ во соопштението потврди:
Одделот за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија информира дека Комисијата за лиценцирање на состаноците одржани на 3. јуни, 11. јуни и 16. јуни, како и Комисијата за жалби за лиценцирање на состанокот одржан на 18. јуни, а по комплетирањето на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2020/21, ги донесе следниве одлуки:
Комисиите донесоа одлука дека се издава лиценца за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 на клубовите:
- ФК Академија Пандев АД – Струмица
- ФК Македонија ЃП 1932 АД – Скопје
- ФК Работнички АД – Скопје
- ФК Ренова АД – с.Џепчиште
- ФК Силекс АД – Кратово
- ФК Шкендија АД – Тетово
- ФК Шкупи 1927 АД – Скопје
Комисиите донесоа одлука дека не се издава лиценца за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 на клубовите:
- ФК Брегалница 2008 АД – Штип
- ФК Борец 1919 АД – Велес
- ФК Вардар АД – Скопје
- ФК Струга ТримЛум АД – Струга
Процесот за лиценцирање на клубовите од ЖМФЛ за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 сеуште е во тек.
Фото: ФК Вардар