Top Sport

Јасикевичиус ја мерка изпразнетата фотелја на Обрадовиќ во Фенер!

Тренерот на литвански Жалгирис, Шарунас Јасикевичиус е главен кандидат да го замени доскорешниот стратег на истанбулски Фенербахче, Жељко Обрадовиќ.

Српскиот кошаркарски стратег по цели 7 години го напушти турскиот клуб и соопшто дека привремено ќе паузира од кошарката.

Фенер не губи време и сака веднаш да најде замена на тренерската позиција. Јасикевичиус се наметнува како прв избор.

Информациите кои стигнуваат од Литванија се дека Јасикевичиус е во преговори со челниците на Фенербахче. Сепак, вестите велат дека ќе се почека да заврши шпанскиот кошаркарски шампионат. Доколку Барселона не заврши на тронот, Литванецот би можел да го замени на клупата на Каталонците актуелниот стратег, Светислав Пешиќ.

Во секој случај, големи се шансите Јасикевичиус да го напушти Каунас.

Scroll to Top