Top Sport

Салах: Време е за титула!

Фудбалерите на Ливерпул синоќа славеа на својот „Енфилд“ против Кристал Палас со 4-0 и дојдоа на еден чекор до долгоочекуваната титула во Премиерлигата.

Напаѓачот на „црвените“, Мохамед Салах изјави дека дојде време неговата екипа да ја освои титулата.

„За освојување на титулата ни требаат уште само 2 бода. Откако дојдов во оваа екипа, зборам дека сакам да ја освојам ПЛ. Ете, нашиот град нема да мора уште долго да чека тоа да се случи“ – изјави 28-годишниот фудбалер од Египет.

Доколку вечерва Сити слави во Лондон, кај Челси, титулата ќе ја бркаат токму на „Итихад“.

„Минатата година исто така игравме многу добро, но и Манчестер Сити играше добро и заслужено го освои првенството. Сепак, дојде време да ја окончаме желбата и да го освоиме првенството по пауза од 30 години“ рече Салах.

Навивачите на Ливерпул последен пат на титула се радуваа во сезоната 1989/90.

Scroll to Top