Францускиот кошаркар во дресот на Јута Џез, Руди Гобер кој беше првиот во НБА меѓу заразените со новиот коронавирус успеа да се опорави од болеста, но не сосема. Поради него, беше стопирана најсилната светска кошаркарска лига.
„Вкусот ми се врати, но мирисот и понатаму не ми е 100% вратен. Можам да помирисам нешто, но морам многу да се приближам. Разговарав со специјалисти и ми рекоа дека целосното опоравување може да трае и до една година“ – изјави кошаркарскиот центар за „Л`екип“.
НБА лигата која беше прекината во март годинава поради пандемијата би требало да продолжи на 31 јули во комплексот „Disney World“ на Флорида.
Таму 22 екипи ќе одиграат уште 8 кола како би се одредило кои 16 екипи ќе доигруваат.
Шампионот треба да биде познат најдоцна до 12 октомври.