Бразилскиот ракометар, Хозе Гилерме де Толедо кој минатата година ги засили редовите на македонкиот и европски ракометен првак, Вардар по само една сезона во „црвено-црниот“ дрес си заминува од клубот.
Толедо на Инстаграм се прости од Македонија, од Вардар, од навивачите и порача дека жали што поради семејни причини си оди од Скопје, со желба повторно да го види грбот на Вардар и развиорено македонско знаме на највисокото место на подиумот.
„Поради семејни причини нема да бидам дел од убавата вардарова иднина. Сакам да им се заблагодарам на соиграчите од минатата сезона, на сите кои работеа во клубот и на сите Македонци – без исклучок! Како и на фотографијата се надевам дека ќе го кренам погледот и ќе се насмеам, гледајќи го знамето на Македонија и грбот на Вардар на највисокото место на подиумот, каде и што припаѓа и никогаш не требало да замине. Ви благодарам и илјада извинувања што не успеавте да ме видите во најдоброто светло како што јас посакував“ – напиша Толедо