Аргентинскиот напаѓач во дресот на „Старата дама“, Гонзало Игуаин емотивно зоруваше за периодот изминат во карантин поради пандемијата на коронавирусот.
Тој најголемиот дел од времето го помина во татковината каде мајка му беше оперирана, па тој сакаше да се погрижи за неа.
Како што истакна, од клубот му ја дадоа целосната поддршка, па сега тој сака во целост да им врати на фудбалскиот терен.
Синоќа беше стрелец на еден од головите во триумфот (4-0) против Лече.
„Нешто се промени во мене во текот на пандемијава, на коронавирус. Јасно ми е дека сум и потребен на екипата за сезоната да ја спроведеме до крај. Драго ми е што се вратив. Ми беше тешко, затоа што мајка ми е многу болна. Сите во клубот беа со мене и благодарен сум им за тоа“ рече Игуаин.
Јувентус со синоќешниот триумф стекна предност од 7 бодови во однос на Лацио, на врвот на табелата во Серија А.