Top Sport

Сменија 4 тренери во една сезона, Секунда не им бега!

Каталонскиот прволигаш Еспањол е пред големи проблеми. Осум бодови се под цртата која носи спас во Ла Лига, моментно се „фенерџии“, а една од причините за тоа е што сменија дури 4 тренери сезонава.

Отежителна околност за Еспањол е што играше сезонава и во Европа, па цената за тоа е превисока.

Денеска по третпат во тековната сезона го отпуштаат тренерот.

Поранешниот шпански фудбалски дефанзивец, Абелардо не успеа да си ја заврши работата, па е отпуштен по само неколку месеци на функцијата.

Екипата ќе ја преземе Франциско Руфете, човекот кој дел од играчката кариера ја помина токму во овој клуб.

Руфете е четвртиот човек кој сезонава ќе го предводи помалиот клуб од Барселона.

Сезоната ја почна Давид Гаљего кој отказ доби уште на 7 септември.

Пабло Мачин на кормилото издржа до 23 декември, а од тогаш на чело на екипата беше Абелардо.

До крајот на сезоната во Ла Лига има уште 7 кола. Еспањол е последен со 24 бода. Еибар е прв над зоната за испаѓање со 32 бода.

Scroll to Top