По фантастичните партии во дресот на Салцбург и во Борусија Дортмунд, корпулентниот Норвежанец, Ерлинг Халанд стана примарна цел на неколку големи европски фудбалски клубови.
Младиот напаѓач зад себе има сезона од соништата. Медиумите пишуваат дека го сакаат и Јувентус, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, ПСЖ…
Него, како што вели, тоа сега не го интересира, засега ќе остане во редовите на „милионерите“.
„Јас живеам во сегашноста. Само што дојдов во Дортмунд и моментно не размислувам за заминување. Дортмунд е еден од најголемите клубови во светот. Потпишав долгогодишен договор и не размислувам многу за иднината. Сакам да остварам нешто важно со Борусија. Не сакам постојано да бидам втор, сакам да освојам титула што е можно побрзо“ – рече Халанд.
Откупната клаузула на договорот на младиот норвешки фудбалер е 70 милиони евра.