Денеска, по кратко боледување, како последица на коронавирусот во Белград почина легендарниот фудбалер на ОФК Београд, Илија Петковиќ.
Тој беше роден во 1945 година во Книн. По завршувањето на средното образование, животот го одвел на популарната „Карабурма“ каде ги поминал пробите и влегол во првиот тим на ОФК Београд.
Во 1968 година дбитираше за Југославија на мечот против Франција, во Марсеј. Поранешната селекција на тој меч славела победа од 5-1, а Петковиќ на тој меч постигнал 2 гола.
Професионалната фудбалска кариера му трае до 1983 година, а во 1990 година Петковиќ започнува и тренерска кариера.
ОФК Београд го предводи 3 сезони, па потоа епизода во швајцарски Сервет, по што следува заминување во Азија, во јапонска Фукуока.
По интернационалната тренерска кариера, во 2003 година станува селектор на Србија и Црна Гора, со која селекција отиде на Мундијалот во Германија, во 2006 година.
Последната функција која ја обавувал е претседател на Стручната комисија во Фудбалскиот сојуз на Србија.