Фаворитот Манчестер Јунајтед, потешко од очекувањата обезбеди полуфинале во англискиот ФА куп. По продолженија, со гол на дефанзивецот Хари Мегвајр во 118 минута го елиминираа премиерлигашот Норич кој идната сезона многу веројатно ќе се врати во Чемпионшип.
Јунајтед поведе со 1-0 со голот на Игало во 51 минута.
Норич израмни на 1-1 со ефектниот гол од далечина на Кантвел во 75 минута.
Во 89 минута Норич остана со играч помалку, Клосе заработи црвен картон, но немаше голови до крајот на резуларниот тек, па мораше да се играа две продолженија од по 15 минути.
Хари Мегвајр беше спасителот на Солскјер, тој со својот погодок при една мешаница не дозволи пеналите да го одредуваат патникот во полуфиналето.