Во ефикасен натпревар со дури 6 погодоци, Каљари предводени од феноменалниот лидер Раџа Наинголан славеа со 4-2 против Торино во натпревар од 28 коло од Серија А.
Водството за домашните го донесе Нандес во 12 минута, а само 5 минути подоцна, во 17 минута на семафорот веќе стоеше 2-0. Стрелец за Каљари беше Симеоне.
Прекрасен гол со удар од далечина постигна Наинголан за убедливи 3-0.
Тогаш гостите од Торино заиграа поинвентивно, па со два гола, на Бремер во 60-та и на Белоти во 66. минута натпреварот го внесоа во неизвесност.
Сепак, сите дилеми околу прашањето на победникот ги реши Педро со голот од пенал во 68 минута за конечни 4-2.
Каљари е сигурен во средината на табелата, без шанса за прогрес кон местата кои водат во Европа, но и далеку од зоната за испаѓање.
Торино, пак, е на 6 бода од Лече кој е трет од дното на табелата.