Хрватскиот напаѓач, Андреј Крамариќ во саботата беше првата ѕвезда на Хофенхајм во неверојатната 0:4 победа на гости кај Борусија Дортмунд, во која тој ги даде сите четири гола, но последниот дефинитивно предизвика најголема дискусија.
Крамариќ постигна гол од пенал без да гледа кон голот, потег кој е карактеристичен за напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино, и Хрватот преку Инстаграм го повика Бразилецот.
„Страв? Не!“, напиша Крамариќ.