Вотфорд ги исклучи тројцата првотимци, Андре Греј, Натаниел Чалобах и Домингос Квина од составот за важниот меч со Саутемптон и на крајот загубија со 1:3 останувајќи без поени во клучната борба за опстанок.
Тројцата фудбалери беа исклучени од тимот за да се „заштити здравјето и безбедноста“ на сите фубалери откако Греј во петокот објави серија видеа од прославата на неговиот 25. роденден со десетина посетители, прекршувајќи ги правилата за карантин.
Дени Ингс ги донесе Саутемптон во водство во 16. минута, за во 70. минута да го удвои водството. Јан Беднарек со автоголот во 79. минута им даде надеж на „стршените“ дека е можен камбек, пред Џејмс Ворд-Прауз во 82. минута да ги постави конечните 1:3.
Саутемптон скокнува на 13. место на табелата со 40 поени, додека Вотфорд се на 16. место со 28 поени, само еден поен над зоната за испаѓање.