Џенаро Гатузо му даде шанса на Елиф Елмас да биде во стартниот тим на Наполи за мечот со СПАЛ и во првото полувреме македонскиот репрезентативец совршено ја искористи шансата.
На почетокот на полувремето, Елмас имаше одлична шанса со шут од работ на шестнаесетникот да го зголеми водството на Наполи, а потоа откако СПАЛ израмнија на 1:1, му асистираше на Хозе Калјехон во 36. минута за враќање на водството. По 45 минути, на „Сан Паоло“, Наполи има убедливо 3:1 водство.
Eljif Elmas’ın Callejon’a asisti pic.twitter.com/9yeAVwLqSl
— Sevdam (@kosan10numara) June 28, 2020