Top Sport

Јунајтед и Челси повторно еден против друг, овојпат во ФА купот

Манчестер јунајтед-Челси и Арсенал-Њукасл/Манчестер сити се двојките за полуфиналето на ФА купот на „Вембли“ на 18 и 19 јули, по одредената ждрепка. Ова ќе биде шанса Манчестер јунајтед да ја забележи четвртата победа во четвртиот меч меѓу двата тима оваа сезона, или шанса Челси да се реваншира за двата порази во Премиер лигата и еден во Лига купот.

Јунајтед влегоа во полуфиналето по 2:1 победата по продолженија на гости кај Норич во саботата, додека денеска Челси ги елиминираа Лестер со 1:0 победа. Арсенал со 2:1 беа подобри од Шефилд јунајтед, додека во тек е мечот меѓу Њукасл и Манчестер сити.

Scroll to Top