Кристијано Роналдо беше „фатен“ како се релаксира во текот на викендот на изнајмена јахта на источниот брег на Италија со партнерката Георгина Родригез и со избрано друштво.
Португалецот постигна втор гол од пенал во два меча во петокот за 4:0 победа над Лече со која Јуве има четири поени предност пред Лацио на 10 кола пред крајот на Серија А, по што реши да замине на релаксација на јахтата „Манџомар“, која се изнајмува за 30.000 евра неделно.
Следниот меч на Јуве е веќе во вторник против Џенова.