Top Sport

Палмер заминува од Рено, на негово место доаѓа Саинс

 

Возачот на Торо Росо Карлос Саинс јуниор ќе го замени Џолион Палмер во Рено од трката за Големата награда на САД, што значи дека Британецот во Јапонија ја возеше својата последна трка за францускиот тим.

Тимот на Рено потврди дека двете страни спогодбено го раскинале договорот. Саинс пред неколку недели договори соработка со Рено за наредната сезона, но за новиот тим ќе дебитира веќе на 22.октомври во Остин.

Палмер минатата сезона дебитираше во шампионатот во Формула 1 во тимот на Рено, а најдобриот резултат му е шестото место кое го освои минатиот месец на трката за Големата награда на Сингапур.

Бидејќи Саинс порано од предвиденото ќе го напушти Торо Росо, од тимот го потврдија враќњето на Данил Квјат. Рускиот автомобилист во Торо Росо на минатата трка во Малезија го замени Пјер Гасли, кој на дебито во Формула 1 го освои 14 место.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top