АБА лигата денеска имаше состанок на кој ги потврди екипите кои ќе учествуваат во послабата, АБА 2 конкуренцијата наредната сезона. Двата скопски ривали, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички се најдоа во истата конкуренција.
Аеродромци се уште се со надеж дека словенечка Приморска поради финансиските проблеми ќе испадне од конкуренција за посилната АБА 1 лига, па токму „штрковите“ би можеле да профитираат од целата ситуација.
Собранието на АБА лигата денеска донесе одлука АБА Лига 2 да биде составена од 14 клуба, се до сезоната 2024/25.
Почетокот е планиран за 23 септември 2020 година, а сезоната (лигашкиот дел) треба да заврши до 7. април 2021 година. Плеј-офот треба да започне на 14. април идната година.
Покрај двата македонски клуба, во официјалниот календар на АБА 2 се и Горица, Хелиос Санс, Ловќен 1947, Слобода Ужице, Спарс Реалвеј, Сутјеска, Широки, Златибор, Младост Земун, Студентски центар, Слобода Тузла и Подгрица.