Top Sport

Готово е, Пјаниќ се сели на „Ноу Камп“ за 60 милиони евра!

Каталонскиот фудбалски гигант, Барселона потврди дека постигна договор со Јувентус околу трансферот на репрезентативецот на БиХ, Миралем Пјаниќ.

Барса на „Старата дама“ за Пјаниќ ќе и плати 60 милиони евра плус 5 милиони за бонуси.

Фудбалерот од средниот ред договорот со новиот клуб ќе го потпише со важност до крајот на 2024 година, а откупната клаузула ќе изнесува неверојатни 400 милиони евра.

Во официјалното соопштение се наведува дека Пјаниќ ќе остане во „црно-белиот“ дрес до крајот на тековната сезона.

Scroll to Top