Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец, Марио Балотели е повторно актуелен поради еден твит од пред 8 години.
Ливерпул ја слави својата 19-тата титула во Англија, прва во Премиерлигата, а сите полека се присетуваат на твитот на Балотели од 2012 година.
Тој тогаш играше за Манчестер Сити, а на Твитер напиша:
„Најнова вест: Крајот на светот е одложен додека Ливерпул не ја освои Премиерлигата. Изгледа сигурни сме“ – напиша „Супер Марио“.
Контроверзниот фудбалер тогаш сигурно не ни претпоставувал дека Ливерпул ќе освои титула во период кога светот се соочува со опасен коронавирус.
— Svinja koja ne leti pravo (@BdatD) June 29, 2020