Во единствениот премиерлигашки натпревар на денешната програма, Барнли во дербито од средината на табелата, минимално со 1-0 славеше кај Кристал Палас.
Во првото полувреме немаше поголеми возбудувања.
Во вториот дел домашните заиграа поенергично и кога се чинеше дека таа предност ќе ја ефектуираат, стигна „студен туш“
Фудбалерот на Барнли, Ми постигне ефектен гол со глава во 60. минута.
До крајот на мечот Палас атакуваше да стигне барем до израмнување, но гостите успеаја да ги издржат нападите.
Денешниот триумф беше втор во низа за Барнли, а Кристал Палас врза два неуспеха во ПЛ.