Top Sport

Пипо по историскиот успех со Беневенто: Можам само да учам од Симоне

Беневенто вчера го потврди враќањето во Серија А во историска сезона за „Стрегоне“ по 1:0 победата над Јуве Стабија, подобрувајќи го рекордот на Асколи од 1977/78, откако по 23 победи во 31 меч имаат дури 24 поени предност пред Кротоне и Читадела во Серија Б.

Беневенто првпат во историјата на клубот влезе во Серија А пред три години, но се вратија во Серија Б по само една сезона откако загубија во првите 14 меча.

Поранешниот тренер на Милан и Болоња, Филипо Инзаги, го презеде клубот пред 12 месеци и сега ќе се врати со својот брат, тренерот на Лацио, Симоне Инзаги во Серија А следната сезона.

„Тој е подобар од мене во секој аспект. Можам само да учам од Симоне, тој е модерен тренер и неговиот Лацио е спектакуларен тим“, изјави Пипо.

Scroll to Top