Руската шаховска легенда Анатолиј Карпов коментираше за неверојатната дебата околу тоа дали шахот е расистички поради тоа што секогаш првиот тргнува прв, велејќи дека се наоѓаме во „период на целосно лудило“.
„Ова е почеток на целосно лудило. Каква врска има расизмот со оваа игра стара векови“, вели поранешниот светски шампион.
Дебатата започна откако Австралиецот Џон Адамс, економист кој ја претставувал Австралиската шаховска федерација во 2015, објави дека ТВ-каналот „АБЦ“ го повикал на дискусија за внатрешниот расизам во шаховската игра поради тоа што белиот има предност.
Претходно во дискусијата се вклучи уште еден поранешен светски шампион, Гари Каспаров, кој им порача на активистите да побараат друга игра за својата „истрага“.
„Ако сте загрижени дека шахот е расистички, тогаш играјте ја јапонската игра го, каде што секогаш црниот е прв, наместо да трошите пари на даночните обврзници за ваква истрага“, напиша Каспаров.
If you are worried that the game of chess is racist, please take up Go, where black moves first, instead of looking foolish by wasting taxpayer money at a state broadcaster to “investigate” it! https://t.co/DPjvvWbqcb
— Garry Kasparov (@Kasparov63) June 23, 2020