Новите сопственици на Формула 1, „Либерти медија“, потврдија дека од новата Формула 1 сезона веќе нема да се користат модели за претставување на возачите пред секоја трка.
„Во текот на последната година разгледавме доста области кои мораат да се подобрат за да бидат прикладни на нашата визија за овој голем спорт. Практиката на девојки во боксот е воспоставена со декади во Формула 1, меѓутоа, тоа не е во согласност со вредностите на нашиот бренд и јасно е во спротивност на модерното општество. Тоа веќе не е релевантно за Формула 1 и фановите“, се вели во соопштението на Шон Бречис, генералниот директор на Формула 1.
F1 to stop using grid girls
“Custom does not resonate with our brand values” https://t.co/zKqSwM8EUU
— Formula 1 (@F1) January 31, 2018
Претходно, британската пикадо-федерација објави дека веќе нема да користи девојки за презентирање на поените, но боксерскиот промотер Еди Херн најави дека нема шанси да се случи такво нешто во боксот бидејќи „девојките завршуваат работа и ги гледаат на ТВ“.
Моделот Кели Брук, која порано учествуваше во Ф1 трките како девојка која ги носи бројките, вели дека не се работи за сексизам и побара „разум“ од новите шефови.
„Тоа беше една од моите најдобри работи. Се облекуваш гламурозно и добро си платена. Никогаш не сум почувствувала дека сум искористена“, изјави Брук.