Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ решил да донира 5.000.000 динари (околу 50.000 евра) за болницата во Нови Пазар. Информацијата за српските медиуми ја потврдите од пи-ар тимот на Ѓоковиќ.
Нови Пазар изминатите денови е силно погоден од коронавирусот, бројот на заболени секојдневно се зголемува.
Ѓоковиќ е активен со своите хуманитарни акции во периодот кога трае пандемијата со опасниот вирус.
Претходно тој им помогна на болниците во Круѓевац и во италијанскиот град Бергамо.
Најдобриот светски тенисер се наоѓа на удар на медиумите, стручните лица и луѓето кои се поврзани со тенисот поради организацијата „Адрија Тур“.
Овој турнир се играше во Белград и Задар со присуство на публика и беа почитување на пропишаните мерки за заштита. Григор Димитров, Борна Чориќ, тренерите на Димитров и Ѓоковиќ, но и Ѓоковиќ и неговата сопруга беа позитивни на вирусот по турнирот во Задар.