Тренерот на Евертон Карло Анчелоти се надева дека во блиската иднина неговиот тим ќе се бори за врвот во Премиерлигата. Италијанскиот стручњак го презеде Евертон кога тимот беше на само четири поени од опасната зона. Тој смета дека тимот има потенцијал да се бори со најдобрите тимови во лигата.
„Се надевам дека Евертон наскоро ќе биде тим што ќе се бори за првото место, заедно со великаните Ливерпул, Челси, Манчестер Јунајтед…“, рекол Анчелоти за „Скај Спорт“.
„Не знам колку време ќе ни биде потребно, но е надевам дека тоа ќе биде наскоро.Имаме млад тим кој може многу да напредува.“
Анчелоти проговорил и за градскиот ривал Ливерпул кој ја освои Премиерлигата оваа сезона.
„Сметам дека Ливерпул завршија фантастична работа во изминатите пет години. Откако дојде Јирген напредуваа од година во година и го надоградуваа тимот. Тоа е патот што треба и ние да го следиме“, заклучил Анчелоти.