Португалските обвинители потврдија дека претседателот на фудбалскиот гигант Бенфика, Луис Филипе Виеира е осомничен за корупција, втор ваков случај за клубот од Лисабон.
Обвинителите претходно најавија дека покрај Виеира, обвинет е и потпретседателот на Бенфика, Фернандо Тавареш, заедно со еден судија и уште девет други обвинети, од кои пет беа уапсени во вторникот.
Адвокатот на клубот, Жоао Кореиа одби да даде коментар, додека од Бенфика со соопштение објавија дека обвинувањата немаат никаква врска со клубот.
Според обвинителите се работи за „сомнежи“ за добивање на мито, перење пари, добивање на политичка моќ и затајување данок, но не дадоа одредени детали за случајот. Тие потврдија дека се работи за долгорочен случај кој го вклучува и поранешниот директор на Бенфика, Жозе Веига, кој беше уапсен во 2016 за перење пари преку Португалија, Зеленортските Острови, Екваторијална Гвинеја, Конго и Габон.