41-годишниот Џанлуиџи Буфон ги уверува своите фанови дека уште има внатрешен оган и дека не планира да се повлече од спортот кој толку му значи.
Буфон неодамна го продолжи договорот за уште една сезона и ќе стане рекордер по бројот на настапи во Серија А во дербито на Торино во сабота.
„Во мене уште гори оганот. Продолжувам бидејќи се чувствувам добро и конкурентно и секогаш сакам да сум подобар. Моментот кога станав број 1, таа страст се претвори во обврска да не се посрамотам и да останам на врвот. ДУри 15 години, забавата ја ставив на страна, а сега како ’старец’ повторно како да ја живеам младоста. Тоа е мојата тајна. Последните 12 години од мојата кариера, малку уживав во победите и многу размислував на поразите. Кога си навикнат да победуваш, тоа е нормално. Морам да се помирам со тоа, бидејќи постои ризик никогаш да не се повлечам“, вели Буфон.