Top Sport

Мурињо и Тотенхем бесни на ВАР системот (видео)

Не требаше долго време за ВАР контроверзите да се вратат во Премиер лигата, откако во првото полувреме од дуелот помеѓу Шефилд јунајтед и Тотенхем, имаше една крајно дискутабилна одлука за поништување на голот на Хери Кејн.

Во 32. минута од мечот, Шефилд дојдоа во водство со одличниот гол на Сандер Берге. Во следниот напад, Тотенхем успеа да израмни преку Хери Кејн, но судијата Крис Кавано по консултацијата со ВАР го поништи голот поради играње со рака на Лукас Моура, кој всушност беше погоден во рака со шут на еден фудбалер на Шефилд.

Фудбалерите на Тотенхем и Жозе Мурињо беа бесни на одлуката и се расправаа со судијата иако тоа беше забрането со правилата поради корона вирусот.

Scroll to Top