Англискиот второлигаш Ипсвич го финализираше своето ново засилување, младинскиот репрезентативец на Ирска, Бери Котер, кој сепак, предизвика најголемо внимание поради неговата физичка сличност со Нејмар.
19-годишниот Котер, кој игра како десен бек, во моментов е играч на ирскиот клуб Лимерик, но сега ќе се пресели во посилната англиска втора лига за 50.000 фунти. Тој го предизвика вниманието во 2015 година по трансферот во Лимерик, кога сите ја забележаа неговата сличност со ѕвездата на ПСЖ, Нејмар.