Лукас Моура го комплетираше медицинскиот тест во Тотенхем и го финализираше трансферот од 25 милиони фунти од Пари Сен-Жермен.
Околу 25-годишниот Бразилец постојано имаше шпекулации за заминување од „Паркот на принцовите“, но се веруваше дека Арсенал има повеќе шанси да го обезбеди неговиот потпис.
Ова е првпат од 2015 година Тотенхем да купуваат играч во јануари – последниот пат го донесоа Дели Али од МК Донс.
По пристигнувањето на Килијан Мбапе и Лукас во ПСЖ, Моура не добиваше шанса во тимот на Унаи Емери и не настапи на ниту еден лигашки меч. Негов последен настап беше во декември, кога влезе како замена за мечот од Купот против Стразбур.
Со трансферот во Тотенхем, тој се надева дека ќе се врати во бразилската репрезентација пред СП во Русија во 2016.
We are delighted to announce the signing of @LucasMoura7 from Paris Saint-Germain!
✍️ Lucas has signed a contract until 2023 and will wear the number 27 shirt. #BemVindoLucas pic.twitter.com/DG0oWDWf5X
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) January 31, 2018