Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Бебе ја продолжи својата „номадска“ фудбалерска кариера со враќање во својот поранешен тим, шпанскиот второлигаш Рајо Валјекано како позајмен играч од Еибар.
Бебе беше една од најголемите „утки“ на Јунајтед во ерата на Сер Алекс Фергусон кога беше купен за 7.4 милиони фунти и постигна два гола во седум настапи, веќе ја помина сезоната 2015/16 во Рајо како позајмен играч од Бенфика. Токму тие игри го убедија Еибар да потпишат со 27-годишниот Бебе и тој имаше пет гола во 26 настапи минатата сезона, но оваа година во 11 настапи нема гол.
Претходно Бебе играше и за Бешикташ, Рио Аве и Пакос Фереира. Сега ќе се обиде да ги врати Рајо во Ла лига по две сезони отсуство.
OFICIAL | Bebé es nuevo jugador del Rayo Vallecano. Llega cedido desde el @SDEibar hasta el 30 de junio de 2018.
¡Bienvenido Bebé! pic.twitter.com/nh2mrWC93M— Rayo Vallecano (@RayoVallecano) January 31, 2018