Top Sport

Бурнемаут ја расипа „парадата“ на Челси (видео)

Челси доживеа непријатен шок во  25. коло од англиската Премиер лига, откако Бурнемаут стигна до шокантна 0:3 победа на гостувањето на „Стемфорд бриџ“.

„Сините“ ги изнесоа новите засилувања Оливие Жиру и Емерсон Палмиери пред публиката на полувремето, пред да доживеат вистинска катастрофа во второто полувреме.

Калам Вилсон прв ги „начна“ Челси, по што Жуниор Станилас и Нејтан Аке целосно ги „замолчеа“ навивачите со едно од најголемите изненадувања во Премиер лигата, посебно бидејќи тимот на Антонио Конте имаше импресивна домашна серија.

Но, од друга страна, тимот на Еди Хоув сега е непоразен во последните пет меча, а по победата над Арсенал, сега има уште еден шок против лондонски клуб. Со трите поени Бурнемаут скокна на 10. место во Премиер лигата, додека Челси падна од третото на четвртото место со 50 поени, поради послабата гол-разлика од Ливерпул.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 25.КОЛО

Челси – Бурнемаут 0:3

Евертон – Лестер 2:1

Њукасл – Барнли 1:1

Саутемптон – Брајтон 1:1

Челси се пофали со Жиру, Батшуаи отиде во Дортмунд

Scroll to Top