Возачите на Мерцедес доминираа на првиот слободен тренинг во пресрет на неделната трка во Австрија со која ќе започне новата сезона во Формула 1.
Луис Хамлтон го имаше најдобриот резултат (1:04.816), а веднаш зад него беше Валтери Ботас. Пилотите на Мерцедес ги следeаа нивните колеги од Ред Бул и Мекларен Макс Ферстапен и Карлос Саинс.
Разочараа возачите на Ферари Шарл Леклер и Себастијан Фетел. Лекелр првиот тренинг го возеше со средно-тврди пневматици, на крајот заврши на 10 место, додека Фетел се пласира на 12 место.
Првиот тренинг мина мирно, со исклучок на малиот инцидент што го имаше Ферстапен кога неговиот болид се изврте во првиот свиок.
Вториот слободен тренинг ќе започне во 15 часот.
? TOP TEN (End of FP1) ?
Hamilton (?)
Bottas
Verstappen
Sainz
Perez
Norris
Albon
Ricciardo
Magnussen
Leclerc#AustrianGP ?? #F1 pic.twitter.com/NmmYX01k1e— Formula 1 (@F1) July 3, 2020