Top Sport

Умтити повторно се повредил

Францускиот фудбалер Самуел Умтити го повредил коленото потврди неговиот клуб Барселона. Поради повредата Умтити нема да конкурира за место во тимот, за натпреварот кој Барселона ќе го одигра со Вилјареал.

Умтити поради повредите од почетокот на сезоната има одиграно само 18 натпревари за Барселона (13 во Ла Лига, 3 во Лигата на шампионите и по еден во Купот на Кралот и Суперкупот на Шпанија).

Последен пат играше на натпреварот со Селта (2:2) кога беше еден од најлошите играчи на теренот.

Светскиот првак со Франција од сезоната 2018/2019 поради повредите не може да се врати во страта форма.

Scroll to Top