Менаџерот на Манчестер јунајтед Жозе Мурињо не е задоволен од играта на дефанзивците во дербито со Тотенхем, кои му дозволија на противникот да постигне гол по само 11 секунди игра.
Тотенхем постигна гол од првиот напад преку Кристијан Ериксен. Впечатокот дека голот не е регуларен бидејќи по изведување на почетниот удар Хари Кејн веќе беше во полето на Манчестер јунајтед, Мурињо не сака да го потенцира тој детал.
„Мислам дека не е нормално да примиме гол по само 11 секунди. Смешно е поради фудбалерите. Го анализиравме противникот, рутината и динамиката. Знаеа за долгите топки, знаеа дека Хари Кејн ќе биде во нашиот дел пред почетниот удар. Сите работи ги знаевеме. А потоа не тргнавме на топката, прва грешка. Не дојдовме до топката кога таа беше во воздухот, втора грешка. Не дојдовме до неа кога таа беа на теренот, трета грешка. Не го покривме добро Ериксен, четврта грешка. Четири грешки за 11 секунди и губиме против добар тим 1:0: Дури потоа добро реагиравме. Кејн беше во нашето поле, да го забележаа тоа судиите голот ќе беше поништен. Но не би било фер од мене вината да ја барам кај судиите“, рекол Мурињо.
00:11 – Christian Eriksen’s goal after 11 seconds for Tottenham Hotspur tonight was the fastest that Manchester United have ever conceded in the Premier League. Rapid. #TOTMUN pic.twitter.com/UHvEFDeNmN
— OptaJoe (@OptaJoe) January 31, 2018
Нов шок Јунјетд доживеа во 28.минута кога дефанзивецот Фил Џонс ја погоди сопствената мрежа и до крајот „црвените ѓаволи“ не успеаја да се вратат во натпреварот.